еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Хан: ЕК ќе препорача отворање на преговорите со Северна Македонија и Албанија

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан изрази увереност дека Европската комисија кон крајот на мај ќе препорача отворање на преговорите со Северна Македонија и со Албанија.

Во интервју за „Ханделсблат“, Хан вели дека препораката ќе биде донесена врз основа на критериумите заеднички договорени од страна на земјите во ЕУ. Одлуката потоа ќе биде предадена на самите членки.

Хан нагласува дека Скопје и Тирана го заслужија отворањето на преговорите, што беше одложено во јуни минатата година.

– Историскиот договор за ставање крај на спорот за името со Грција и договорот за пријателство со Бугарија се охрабрувачки сигнали до целиот регион дека се можни решенија за долготрајните спорови. Северна Македонија исто така постигна добар напредок кога станува збор за внатрешните реформи. Земјата заслужува зелено светло за почеток на пристапните преговори што е можно порано – пред летната пауза, изјави Хан.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мишел од Блед порача дека до 2030 година ЕУ треба да биде подготвена за ново проширување

Редакција

Европскиот Парламент длабоко загрижен, побара Борисов да го осуди скандалозното видео на Џамбаски

Редакција

За македонскиот јазик и идентитет не може да се разговора, порача Заев на средбата со Фон дер Лајен

Редакција