Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан изјави дека има закани против пратеници од опозицијата кои сакаат да ја напуштат партиската линија и да го поддржат Договорот со Грција во Собранието.
Во интервју за австрискиот весник „Стандард“ тој побара ВМРО-ДПМНЕ да се откаже од деструктивниот пристап, и интересите на земјата и граѓаните да ги стави пред партиските.
Хан вели дека партијата целосно ќе ја сноси одговорноста за затворањето на вратите на ЕУ за Македонија, ако не помине Договорот.
„Ова е целосно неприфатливо за партија која вели дека е про-европска, демократска партија“, изјавил Хан.
Тој потсетува дека евроатлантската интеграција е декларирана цел на ВМРО ДПМНЕ, но дека партијата тоа треба да го докаже на дело и дека Договорот со Грција ги отвора токму вратите за интеграција во ЕУ и НАТО.
За еврокомесарот референдумот бил чисто консултативен и огромно мнозинство од граѓаните се изјасниле „ЗА“.
„Повиците за бојкот сведочат за недостаток од демократската зрелост“, рече еврокомесарот.
Тој смета предвремените избори би донеле ризик од пробивање на поставените рокови за Договорот за името и вели дека се сомнева дали Грција ќе биде во можност да го усвои во својот Парламент.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Закани за пратениците од ВМРО-ДПМНЕ: „Даниела ако гласаш за уставни измени како Исус ќе те распнеме“
Вербални закани, транспаренти и графити биле пријавени во МВР за референдумот
Заканувачки летоци за референдумот пред зграда во Скопје