еМагазин
Image default
Локално

Хаотична тепачка и пукање пред фирма во Скопје

На 23.07.2020 околу 12.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред фирма на ул.„Скупи“, по претходно недоразбирање, настанала физичка пресметка помеѓу О.Б., И.Б., М.М.и М.М.М., вработени во фирмата, од една страна, и М.Ш.со неколку други лица, од друга страна, информира МВР.

Според пријавеното, во физичката пресметка биле користени тврди предмети, а во еден момент О.Б. испукал еден куршум во воздух, по што го вперил пиштолот кон М.Ш..

При пресметката,со тешки телесни повреди се здобил М.М., констатирани во болницата „Св.Наум Охридски“, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема крај на дивеењето: Автомобил удрил во четиригодишно дете пешак

Редакција

Работник од Албанија починал во Охрид по повреди при извршување работни задачи

Редакција

„Руски рулет“ во јавниот превоз во Тетово и Гостивар: Третина возила неисправни

Редакција