Косовскиот претседател Хашим Тачи најави дека ќе поднесе оставка ако Парламентот не ја одобри спогодбата со Белград според која трите општини Бујановац, Прешево и Медвеџа би му припаднале на Косово, пренесуваат косовските медиуми.
Тој додаде дека е подготвен на референдум за ова прашање и изрази сигурност во неговата успешност, бидејќи мнозинство од граѓаните на овие општини и на Косово се согласни на ваков чекор.
Тој вели дека не сака да го прекрши Уставот туку да го промени, бидејќи Приштина може поради непријателството со Белград односно воведените економски бариери да го загрози стратешкиот сојуз со САД.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.