еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Хипомед“ донираше медицински апарати и опрема на болници низ Македонија

Компанијата „Хипомед – медицинска опрема“ Скопје донираше медицински апарати и опрема за неколку болници во Македонија со кои ќе го олесни лекувањето на пациентите со Ковид 19. Опремата веќе е испорачана до здравствените установи и е ставена во функција.

Донацијата се состои од регулатори за кислородна терапија, пулсоксиметри, дезинфекциони столбови, апарат за препознавање вени и брза пункција кај мали дечиња и кислородни хауби.

„Оваа донација е само дел од низата со кои Хипомед ќе ги поддржува медицинските установи. Свесни сме дека и во овие моменти секоја помош претставува сериозна поддршка за клиниките кои се под постојан притисок на пандемијата.

Се надеваме дека со оваа активност малку ќе им го олесниме товарот и дека ова ќе биде поттик и за други компании да ја покажат својата хуманост и да помогнат во соочување со оваа ситуација. Според нас нема поважна работа од здравјето на човекот”, велат од тимот на Хипомед медицинска опрема.

Вкупната вредност на дадената донација е околу 6.000 евра.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

BMW X1 е роденденскиот подарок за Тања од Скопје

Редакција

Имлек Протеин – моќ и енергија за 1.650 спортисти на „Скопје трча”

Редакција

Шилегов најави ново јавно претпријатие за улични кучиња, „Вардариште“ ќе стане минато

Редакција