еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Хорор во Струга: Мајка и очув терале дете на питачење, го тепале доколку не заработи, а парите ги користеле за купување на дрога

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна постапка во соработка со Министерството за внатрешни работи, денеска постапувајќи по кривичната пријава донесе Наредба за спроведување на истрага против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело трговија со дете, од член 418-г став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Како што соопшти Обвинителството, во текот на месец август и септември минатата година, осомничените заедно со деветгодишниот син на осомничената, со автобус заминале од Дебар за Струга, каде се сместиле во изнајмена соба во близина на пазарот.

Мајката и очувот употребувајќи сила и закана го подвеле детето на питачење и искористувајќи ја неговата немоќ барале со питачење секојдневно да заработува по 500 – 1.000 денари. Доколку детето не успеало да собере толку пари било казнувано со физичко малтретирање и тепање, а храна добивало само еден оброк во текот на денот.

Осомничените парите ги користеле за набавка на наркотична дрога која ја конзумирале во присуство на детето. На 14.9.2021 година, откако мајката го истепала, детето вознемирено и истоштено побарало заштита од вработени во угостителски објект, по што било однесено во ЈЗУ Општа болница Струга каде му биле констатитрани повреди по главата и телото.

Во текот на денешниот ден осомничените бea изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Обвинителот ценејќи дека постои реална опасност обвинетите да се дадат во бегство за да го избегнат кривичниот прогон, да го повторат делото или да влијаат врз сведоците, на судот му предложи на двете осомничени лица да им биде определена мерка притвор.

Судијата го прифати предлогот на обвинителството и со Решение определи мерка притвор за двајцата осомничени во траење од 30 дена, стои во соопштението на Обвинителството.

Согласно Кривичниот законик за сторителите на кривичното дело трговија со дете е предвидена казна затвор од најмалку десет години.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германскиот министер Маас без одговор дали со барањата на Бугарија се менуваат фудамените на ЕУ

Редакција

Убава вест: Оздравеа петмина нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.710

Редакција

Се бара правна форма како да се ослободат од карантин и самоизолација лицата кои деновиве влегоа во земјава

Редакција