Во периодот 01.01.2021 до 31.03.2021 година „Хотели-Метропол“ АД Охрид во своето работење има остварено вкупно 1.044 ноќевања, за разлика од 3.128 ноќевања за истиот период во 2020 година, што значи негативна разлика или 67% пад на истите, соопшти компанијата преку Македонската берза.
„За овој период од јануари-март 2021 година остварен е негативен финансиски резултат од 16.284.000 денари.
Остварениот приход од 6.741.000 денари е за 20% помал во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 8.415.000 денари.
Вкупните расходи за периодот јануари-март 2021 во износ од 23.025.000 денари се намалени за 18,5 % во однос на истиот период за минатата година кога изнесувале 28.264.000 денари.
Остварениот финансиски резултат за јануари-март 2021 година е негативен имајќи ја во предвид светската пандемија, мерките кои се преземаат за справување со истата со кој неминовно е опфатен секторот на кој припаѓа друштвото, има и се очекува да има огромно влијание на финансискиот резултат и во текот на 2021 година“, информираат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За плата, надоместоци и награди на менаџментот на Хотели Метропол лани исплатени 1,8 милион денари
Фото: Хотели Метропол