еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Хрватска ги отвори границите

Границите на Хрватска од утрово се отворени, а според таа одлука, на хрватските граѓани им е дозволено да доаѓаат, односно да заминуваат во странство, почитувајќи ги општите и посебните препораки на Хрватскиот институт за јавно здравје.

Кризниот штаб појасни дека граѓаните на земјите-членки на ЕУ и членовите на нивните семејства, како и граѓани на трети земји со долгорочен престој, имаат право да влезат во Хрватска кога имаат деловни причини или економски интереси, пренесува порталот Индекс.

Право на влез во Хрватска имаат и лицата со право на престој врз основа на други директиви на ЕУ или националното право. Меѓу исклучоците на кои е дозволен влез во земјата се и оние кои патуваат поради неодложни лични причини.

Хрватскиот министер за здравство, Вили Берош рече дека засега не размислува за воведување тестирања на границите.

МИА/Фото: Влада

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(ВИДЕО) Плажите во Грција преполни со луѓе

За влез во Србија ќе Ви треба негативен тест за коронавирусот, не постар од 72 часа

Во Грција најверојатно влез со негативен тест за коронавирусот, стар до 72 часа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од денеска, Ковид-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк

Редакција

Убава вест: Оздравени 900 болни од Ковид-19

Редакција

Бугарската собраниска Комисија за надворешни работи утре ќе го разгледува „францускиот предлог“

Редакција