еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Хуманитарна трка од Струмица до Гевгелија за подигање на свеста за постоењето на ретката белодробна болест – Пулмонална хипертензија

Хуманитарната трка за подигање на свеста за постоењето на ретката белодробна болест – Пулмонална хипертензија ќе се одржи на 23.12.2018, недела и ќе започне во 09:00 часот од плоштадот во Струмица, а финиш линијата е во Гевгелија, со должина на патеката од 50 километри.

Трасата води од Струмица преку Валандово, Богданци и се очекува да заврши околу 14:30 на плоштадот во Гевгелија.

Велосипедскиот Клуб „АКТИВ“, Струмица и Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ го организираат првото хуманитарно трчање по овој повод и кој ги поврзува овие два градови, под наслов „Трчаме со Николчо“.

Трчањето е во чест на гевгеличанката Ѓургица Ќаева, како и на сите пациенти кои страдаат од оваа болест.

Маратонeцот – предводник е Николчо Ѓоргиев, кој често ја поддржува оваа иницијатива на сите маратони кои ги трча, со носење маичка со логото и мотото на Здружението – „Остани без здив“.

Досега се пријавени 32 учесници кои ќе се приклучуваат од различни окрепни точки по трасата.

Белодробна артериска хипертензија (ПАХ) е прогресивна болест предизвикана од стеснување на белодробната артерија која ги поврзува десната страна од срцето со белите дробови.

Пулмоналната хипертензија е сериозно заболување кое прогресивно се влошува со тек на време и понекогаш завршува фатално. Иако пулмоналната хипертензија не е излечлива болест, третманот кој постои ги олеснува симптомите и го подобрува квалитетот на живот.

Во Македонија постојат 15 регистрирани случаи на оваа болест, за која малку се знае.

Со цел подигање на свеста за постоењето и борбата на болните, буквално секојдневно за здив, Велосипедскиот Клуб „АКТИВ“,Струмица и Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ го организираат овој настан, со поддршка на Општина Струмица и Општина Гевгелија.

Под мотото „Остани без здив“, Здружението Асоцијација за Пулмонална Хипертензија „МОМЕНТ ПЛУС“ ги продолжува своите активности и во 2019та за подигање на свеста за оваа ретка болест.

Сите останати детали можете да ги најдете на настанот на Facebook: www.facebook.com.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Бадник во Клиника Жан Митрев како дома

Редакција

ДНК од лицитација на „Златната бубамара“ собра 690.000 денари за Лео

Редакција

Преку проектот „Пошумуваме заедно за позелено утре“ dm дрогерие маркт обезбеди нови 400 дрвја за парк шумата „Гази Баба“

Редакција