еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

И денеска нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно, уште од претпладневните часови нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Како што најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), ќе има услови за локална појава на невреме со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 22 до 31 степен. УВ индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на невреме. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Што вели приказната за Св.Никола: Заштитник на сиромасите, патниците и морепловците

Редакција

Во Србија од утре полициски патроли во близина на секое училиште и на сите јавни места

Редакција

(ВИДЕО) Во земјотресите во Албанија загинаа најмалку 6 лица, тлото продолжува да се тресе

Редакција