еМагазин
Image default
ЖИВОТ

И денеска облачно со пороен дожд, грмежи, ветер и град

Времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури утре ќе се движат од 13 до 20 степени, а дневните од 25 до 31 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе достигне до 18 степени, а дневната до 30 степени.

Од утре до четврток во претпладневните часови ќе биде сончево со мала доумерена облачност, а во попладневните ќе има развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Доктор Пановски: Новите типови на омикрон брзо се шират особено кај младите, но поминува како настинка

Редакција

(ВИДЕО) Здравствените работници порачуваат: И ние сакаме журки и забави, но да прославиме во кругот на семејството

Редакција

Д-р Олумчев објаснува кој имунитет е подобар, природниот со прележан ковид или тој со вакцина

Редакција