еМагазин
Бизнис

И догодина ќе има субвенции за струјата

Премиерот Димитар Ковачевски денеска соопшти дека и идната година ќе продолжи субвенционирањето на електричната енергија за да не се дозволат ценовни шокови.

Според Ковачевски, непречено снабдување со струја мора да се обезбеди, но и цената треба да биде издржлива.

-Во Европа веќе има голем број бизниси од индустриските сектори кои не функцуионираат. Ние не сакаме да дозволиме тоа да се случи и кај нас иако ни претстои исклучително тежок период, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Советот за безбедност.

Премиерот уште еднаш кажа дека до почетокот на идната година нема да има поскапување на струјата, но, ако се погледнат сите влезни параметри, нагласи, на сите им е јасно дека цените од идната година ќе бидат во пораст.

-Идната година државата повторно ќе ја субвенционира електричната енергија и нема да дозволи ценовен шок, подвлече премиерот.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Мода“ во загуба од 8 милиони денари

Редакција

Битолски и скопски пензионер пријавиле приход близу еден милион евра

Редакција

За еден месец издадени одобренија за градење на објекти во вредност од 63 милиони евра

Редакција