еМагазин
Image default
Македонија

И екс-министерот Јанакиески отиде во самоизолација

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески е последниот во низата поранешни функционери на кои им се суди за предмети кои ги отвори поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО) кој отиде во самоизолација поради контакт со заболен од Ковид-19.

Поради тоа вчера беше одложено судењето за случајот „Топлик“.

Случајот се однесува за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште.

Според обвинението на СЈО, Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и камата на правното лице „Сан сити“.

Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.

Следното рочиште е закажано за 18 ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рочиштето за „Таргет-Тврдина” одложено за 3 ноември бидејќи Сашо Мијалков има Ковид-19

Фото: Фејсбук/Јанакиески

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Груевски поднел барање за азил во Унгарија од трета земја

Редакција

Нови 408 случаи на Ковид-19, најмногу во Скопје

Редакција

Три активни пожари во Македонија, а шест се под контрола

Редакција