еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео+фото) И Македонец од Скопје осомничен за двојно убиство во Малта

Македонецот Виктор Драгомански од Скопје, кој на Малта работел како обезбедувач на угостителски објект вчера е уапсен под сомнение за двојно убиство, објави TVM.

За двојното убиство извршено пред осум дена е осомничен и албанскиот државјанин Даниел Мука.

Досега полицијата на Малта не соопшти детали за евентуалните мотиви за убиството за кое е уапсен и Драгомански.

Жртвите на двојното убиство се партнерска двојка хомосексуалци, Д-р Кристијан Пандолфино и британец со полско потекло, Ивор Мациејовски.

Двајцата се убиени пред осум дена. Едниот е најден на првиот кат во заедничкиот дом, додека телото на втората жртва е откриено на вториот кат во куќата во градот Слиема во Малта.

Жртвите биле во врска четири години.

Пандолфино бил лекар кој се префрлил во друга дејност и сега се занимавал со инвестирање во банки и фондови, а Мациејовски бил дилер и продавач на дела од современа уметност.

Според медиумите во Малта полицијата првично се сомневала на грабеж кој тргнал на лошо, но истрагата покажала дека се работи за смислено и нарачано убиство, што го потврдил и Мука во изјава.

На снимките од надзорните камери, се гледаат две лица како со оружје бегаат од куќата во која се случило убиството. На самото место, биле пронајдени шест чаури, а обдукцијата покажала дека Пандолфино бил застрелкан со четири куршуми, а Мациејовски е усмртен со еден истрел во главата.

На Јутјуб се појави и снимка од акцијата за приведувањето на Мука:

Медиумите во Малта повикувајќи се на извори блиски до истрагата објавија дека форензичките тестови на предметите пронајдени во автомобил користен при бегството, ја одвело полицијата до Мука. Подоцна и неговите отпечатоци се пронајдени во автомобилот и споредени со оние најдени од местото на злосторството.

Според тамошните медиуми, Драгомански се криел во хотелот Гзира, каде бил уапсен.

Фото/видео: maltastory/TVM/Фејсбук/Драгомански

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ексминистерот Драган Тевдовски предложен за независен член на Надзорниот одбор на УНИ Банка

Редакција

Каков имот пријавил Башким Бесими кој е избран за нов член на Советот на јавните обвинители

Редакција

Рашковски ја викна Русковска на соочување за „Софтвери“ и најави кривична

Редакција