еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И млади парови меѓу жртвите во несреќата во која изгоре македонски автобус во Бугарија, информира Османи од Софија

Министерот за надворешни работи на Република Северна Македонија, Бујар Османи, пристигна во болницата „Пирогов“ во Софија да ги види преживеаните во автобуската несреќата, која се случи на автопатот „Струма“ во Бугарија.

Тој изјави дека туристичката агенција е од Скопје, а според непотврдени информации меѓу загинатите во несреќата има и повеќе од 10 деца.

Жртви, како што рече Османи, се и млади парови кои го искористиле продолжениот викенд, имајќи предвид дека вчера беше празник – Ден на албанската азбука.

Тој смета дека повеќето граѓани се од Скопје.

Во „Пирогов“ беше и премиерот Стефан Јанев. Се очекува да пристигне и премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во несреќата во која македонски автобус изгоре во Бугарија, загинаа 12 деца, меѓу кои и двајца близнаци

Автобусот кој изгоре во Бугарија е на „Беса транс“, во него се превезувале лица кои се враќале од екскурзија

Преживеан од автобусот кој изгоре во Бугарија на Заев му кажал дека се слушнала силна експлозија

Техничка неисправност на македонскиот автобус кој изгоре во Бугарија или грешка на возачот, можни причини за несреќата

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Пријателот на Груевски ја загуби Будимпешта: Прв пораз на Виктор Орбан од 2010 година досега

Редакција

Малолетно девојче се удави во базен во прилепското село Дебреште

Редакција

Имам еден стан на мое име и еден на фирма, ама тие се на Груевски, рече на судењето за „Плацеви на Водно“, секретарката на Алек Теранова

Редакција