еМагазин
Image default
Македонија

И мрежата Бојкотирам и Координативното тело против референдумот организираат прослава за Денот на независноста

Мрежата #Бојкотирам и Координативното тело против референдумот на 8 септември, сабота, организираат голема прослава за Денот на независноста, информираат од таму.

„Од 17.00 до 18.30 часот Мрежата #Бојкотирам кај Школката – Градски парк, организира прослава “Среќен роденден Македонијо – Протестирам за да не е последен!” Ќе има музика, гратис #Бојкотирам маички и роденденска торта. Оттаму, прославата продолжува пред Собранието на Македонија.

Од 19.00 до 22.00 часот Координативното тело против референдумот, пред Собранието на Македонија организира Семакедонски собир “8 септември Држава – 30 септември Геноцид – БОЈКОТИРАМ значи НЕ ГЛАСАМ”.

По интонирањето на Македонската национална химна и дефиле на државното и семакедонското знаме 10х20 метри од плоштадот “Македонија” под Порта “Македонија” до платото пред Собранието, ќе настапат КУД “Никола Јонков Вапцаров” со Тешкото, Копачка и ора од Егејскиот дел на Македонија и рап-групата “Пука Козметика”.

Пораки против референдумот ќе упатат Џејсон Мико, македонски сенатор и голем пријател на Македонскиот народ од САД, Ефтим Клетников, претседател на Македонски манифест и Тодор Петров претседател на Светскиот Македондки Конгрес.

Водителка на програмата е актерката Арна Шијак“, велат организаторите.

Фото: Млади за Македонија/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина уште едно лице позитивно на Ковид-19 од Кавадарци, нови 31 случаи во Тиквешко

Редакција

Поради корона вирусот германската Амбасада времено ги затвора конзуларното и визното одделение

Редакција

(Фото) Боки 13 се жали на „незапаметена тортура од страна на Основниот кривичен суд Скопје“

Редакција