еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И новото жариште со Ковид-19 во Ресен е од семејна прослава

Во Ресен, според податоците на Министерството за здравство денеска се регистрирани нови 6 лица заразени со Ковид-19.

Со тоа вкупниот број на заразени се искачи на 25, од кои активни се 24.

Министерот за здравство, Венко Филипче на денешната прес-конференција рече дека лицата се заразиле на семејна прослава и дека станува збор за еден кластер.

За барањето на жителите на Ресен градот да се стави во карантин, бидејќи станува збор за многу мало место, рече дека одлуката на локалниот Кризен штаб заедно со тамошните компании, вработените да не одат на работа во следните две недели, е доволна.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од починатите 193 пациенти со Ковид-19, 76% имале хронични болести

Јавно ќе се објавуваат имињата на лицата кои одбиваат да примат решенија за самоизолација

Триесетгодишен маж е новиот случај на заразен од Ковид-19 во Струмица

Фото: Општина Ресен

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Скопје 11: Од Ковид-19 починаа 32 лица, најмладото на 25 години

Редакција

Министерот за локална самоуправа Милевски поради лични причини утре ќе поднесе оставка

Редакција

Официјално: Предметите од СЈО преминуваат во Јавно обвинителство

Редакција