еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

И рускиот министер Лавров сака да дојде на Самитот на ОБСЕ во Скопје

На престојниот Самит на ОБСЕ, кој ќе се одржи во Скопје е најавено присуство на 76 државни делегации со околу 1.000 членови, а интерес да учествува на истиот пројавила и Русија.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров му пишал на македонскиот колега Бујар Османи, дека сака да биде присутен на Самитот. Проблем е што Македонија и земјите од регионов го затворија небото за руски авиони по руската инвазија на Украина.

– Добив писмо од Лавров во кој побара да се обезбеди негово присуство во Скопје, но има одредени предизвици затоа што воздушниот простор на Северна Македонија и на нашите соседи е затворен за руски авиони, иако по правило треба сите министри да присуствуваат на ОБСЕ во Скопје, изјави денеска Османи.

Доколку Лавров не дојде во Скопје, ќе се искомплицира изборот на следниот претседавач со ОБСЕ за 2024 година, затоа што одлуките се носат со консензус.

– Ние работиме на неколку сценарија, првото е Естонија која е единствен формален кандидат која нема поддршка од една земја. Разговарав со сите министри и се надевам дека ќе најдеме земја која ќе добие конзенсуз од сите. Ако се исцрпат сите кандидати, тогаш Северна Македонија нема да дозволи земјата да остане без претседавач. До последната минута од нашето претседавање ќе се борима за тоа, рече Османи.

Иднината ОБСЕ е неизвесна, па може да се случи истата теоретски и да згасне токму во Скопје.

– Теоретски постои таква можност, иако не верувам дека земјите ќе дозволат да се случи тоа. Активностите на ОБСЕ беа темели на мирот во овој регион и иако поради војната во Украина ОБСЕ не е во состојба да го покаже својот капацитет, но убеден сум дека ќе се покаже кога ќе заврши војната, рече Османи.

За Самитот на ќе учествуваат 70 министри, Македонија ќе потроши околу 5 милиони евра.

Собирот ќе почне со неформална вечера на 29. ноември, а на 30. ноември е формалниот дел со обраќање на министрите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Христијаните во Сирија се молеа за мир во Газа

Редакција

Пендаровски претставник на Македонија на Светскиот економски форум во Давос

Редакција

Кој е Милан Кораќ, предлог на Владата за нов секторски директор во М-НАВ

Редакција