еМагазин
Image default
Македонија

И СДСМ е за помалку изборни единици со отворени листи

Тоа што го соопшти претседателот Стево Пендаровски, дека го поддржува пропорционалниот изборен модел со отворени листи, е постулат и од нашата изборна програма. Ние ова прашање го отворивме пред изборите, а и потоа неколку пати, рече денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчпо Николовски, кој од неодамна е и новиот генерален секретар на СДСМ.

Одговарајќи на новинарско прашање, Николовски потенцира дека сепак за промена на изборниот модел е потребен консензус од сите политички партии.

-Подготвени сме за повторно отворање на ова прашање и за дискусија. Принципот на една изборна единица ќе значи уште поголема демократија. Сакаме да ги вклучиме и граѓаните во носењето на одлуки, напомена Николовски по доделувањето на решенијата за поддршка на руралниот развој во општините.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателот Пендаровски e за помалку изборни единици и отворени листи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Македонија отвори почесен конзулат во Едрене, за конзул именуван Есер Џевахир

Редакција

Апелација ја потврди ослободителната пресуда за Заев во случајот „Поткуп“

Редакција

Хан по објавувањето на снимките за “Рекет“: Борбата против корупцијата на високо ниво мора да продолжи

Редакција