еМагазин
Image default
Македонија

И сексуалната ориентација треба да биде вклучена во законот против дискриминација, велат од Европската Комисија

Во изјава за МИА, портпаролката на Европската Комисија, Маја Коцијанчич потврди дека сексуалната ориентација треба да биде вклучена како основа во законот за анти-дискриминација, јави дописничката на МИА од Брисел.

По дебатите во јавноста и критиките на граѓанскиот сектор за ставот на повеќе политички партии дека вклучувањето на сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа во законот за администрација е спорно, Европската Комисија потсетува дека ова е обврска на патот кон ЕУ.

-Нашата позиција е јасна: нацрт законот за спречување и заштита против дискриминација го подобрува усогласувањето со европските стандарди и ЕУ законодавството, ова треба да ги вклучи сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за дискриминација, изјави Коцијанчич.

Од Европската Комисија упатуваат и на последниот извештај за Македонија во овој дел, јаде се вели дека е од “суштинско значење да бидат вклучени сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основа за дискриминација и нацртот да биде изменет во согласност со мислењето на Венецијанската Комисија“.

Понатаму извештајот на ЕК истакнува и дека „промените ќе треба да се рефлектираат и во други закони, вклучително и кривичниот законик“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Од Ковид-19 починале 24 лица, 9 се вакцинирани, 20 се со коморбидитети

Редакција

(ВИДЕО) Бујар Османи стана и „инспектор“ за употребата на албанскиот јазик

Редакција

Новороденче родено позитивно на Ковид-19 на Клиниката за гинекологија

Редакција