еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

И во Романија се урна беспилотно летало

Во областа Бистрица-Насауд во Романија е пронајдено беспилотно летало, а романското обвинителство соопшти дека е покрената кривична постапка и дека не се знае од каде полетало.

– Потеклото на леталото сѐ уште не е утврдено, а неговиот сопственик не е идентификуван. Во тек е истрага за да се утврдат околностите под кои полетало и да се идентификува кој го управувал, изјавија обвинители од областа Клуж.

Од полицијата на областа Бистрица-Насауд изјавиле дека леталото го пронашол млад човек во нива во близина на неговата куќа.

Во четвртокот вечерта минатата недела беспилотно летало од советско производство се урна во непосредна близина на Студентскиот дом во Загреб, откако претходно ги прелетал Романија и Унгарија, при што беа оштетени 40 автомобили, но никој не беше повреден.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беспилотното летало, кое се урна во Загреб, носело бомба од 120 килограми која експлодирала под земја

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Ден на срам во Советот на Европа, за првпат е препорачано членство на нешто што не е држава„: Реакции во Србија

Редакција

Основната каматна стапка се задржува на нивото од 6,30%

Редакција

Осум „Грин Машинс“ возила на „Брако“ тргнаа за Велика Британија

Редакција