еМагазин
Македонија

И за влез во Австрија ќе ни треба здравствен сертификат

Границите на Австрија се отворени, но за влез во земјата потребен е здравствен сертификат или задолжителен 14-дневен карантин, вели австрискиоит амбасадор Георг Вуцас.

– Австриските граници секогаш биле отворени. Имавме луѓе на кои им беше потребен третман за канцер во Австрија и кои патуваа во сопствен аранжман околу 22 март. И денес ако има валидни документи секој македонски граѓанин може да патува во Австрија.

Обврска е при влез во Австрија да помине во 14 дневен карантин, кој што може да се избегне ако поседувате здравствен сертификат. Секако треба да имате место каде ќе престојувате, изјави амбасадорот Вуцас на новинарско прашање при предавање донација од Австрија за справување со Ковид -19 во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром.

Тој нагласува дека има поголем број македонски државјани кои работат во Австрија и бидејќи сега се обновува економијата, постои потреба од нив.

– Знаеме дека тие треба да се вратат и во таков случај можеме да изадеме и визи, бидејќи им се потребни за подолг престој, посочува Вуцас подвлекувајќи дека и за нив важи истото правило ако имаат здаравствен сертификат неме потреба да поминат 14-дневен карантин.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

40 лица на 1.000 метри квадратни: Грција ги отвара плажите, летувањето ќе биде уживанција

Грција планира да прима странски туристи од 1.јули

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Преку КОВАКС механизмот ќе пристигнат 38.400 вакцини „АстраЗенека“ на 14 мај

Редакција

Судиите на Уставен не успеаја да изберат нов претседател, седницата продолжува утре

Редакција

Вкупно 466: Починаа нови 6 пациенти од Ковид-19, четворица од Скопје

Редакција