еМагазин
Image default
Македонија

Нема влошување на состојбата со британскиот сој на коронавирусот, тврди Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче, во гостување во дневникот на телевизија Сител рече дека засега не треба да се размислува за други мерки и рестрикции за спречување на ширењето на британскиот сој на Ковид-19 вирусот.

„Иако бројките не се ниски, нема драстичен скок, нема голем кластер низ градовите.

Ја следиме состојбата во Скопје и другите градови ги следиме како посебни епидемиолошки региони, застапеноста на британскиот сој на вирусот расте, сега е некаде околу 20 проценти, најмногу во Прилеп и Охрид. Во тие центри не приметуваме зголемување на бројот на пациенти.

Точно е и тоа е утврдено дека полесно се пренесува, според некои публикации можно е болеста да е полесна, според некои други публикации е потешка, тоа не може се уште со точност да го утврдиме.

Кај нас има 30-тина детектирани соеви на вирусот, близу 1.000 ширум светот.

Ние засега не регистрираме дека има влошување на епидемиолошката ситуација и затоа сме внимателни. Секогаш апелираме граѓаните да ги почитуваат мерките, сега е тоа од посебно големо значење“, истакна Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Утрешната вакцинација е почеток на последната фаза во борба со пандемијата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот клуб ќе беше мост на пријателство, ако беше именуван по личности со неспорен демократски капацитет, вели Ѓорчев

Редакција

30-дневен затворски притвор за Рашковски и Станчевски за набавката на софтвер во МВР

Редакција

Обвинители влегоа во МВР: Одзедоа документи за станицата за технички преглед, во која поминал и автобусот на „Беса транс“

Редакција