Игор Бимбиловски, актуелен генерален директор на Телелинк Групација во Албанија е избран за член на Извршниот одбор на СДСМ на последната седница на Централниот одбор, информираат од СДСМ.
Бимбиловски е доктор по технички науки на Електро-техничкиот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Тој претходно извршувал високи раководни функции во големи телекомуникациски компании во Македонија и Албанија.
Бил претседател на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.
-Зад себе Бимбилоски има и партиски функции како претседател на ОО СДММ Охрид и генерален секретар на СДММ во периодот од 2000 до 2001 година, додаваат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој влезе во Извршниот одбор на СДСМ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.