На 26.10.2018 година во Скопје, околу 21,00 часот било пријавено дека на ул.„Радован Ковачевиќ“ на вториот спрат во маркет Х .Р (16) од Сингелиќ, бил нападнат од непознати лица, меѓу кои бил и С.С (19)од Скопје, информира МВР.
Пријавителот, според негово кажување, од страна на непознато лице бил удрен во пределот на главата, по што извадил нож и го прободел С.С во ногата.
Од страна на доктор од Градска општа болница „Наум Охридски“ кај С.С констатирани е повреда на левата нога и истиот е пуштен на домашно лекување, додека Х.Р е пренесен во Ургентен центар-Скопје. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.