еМагазин
Image default
Македонија

Илија Трпков реизбран за претседател на подружницата на судии од Основниот суд Скопје при Здружението на судии

Подружницата на судии од Основен суд Скопје при Здружението на судии на денешната седница повторно го избра за претседател на подружницата, судијата Илија Трпков.

Реизборот на судијата Трпков, како што информираат, е поради претходните успешни активности и потврдена анимација на работата на Кривичниот суд Скопје.

-Сето ова е во интерес на самите судии и сите принципи на обезбедување на правдата согласно законите и Уставот и ратификуваните меѓународни договори. Подружницата се залага за сите права на судиите, како и за правата на граѓаните-странките во постапката.

Очекуваме конструктивни предлози кои соодветно ќе ги проследиме и реализираме, се вели во соопштението од Подружницата на судии од Основен суд Скопје при Здружението на судии.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сè уште е рано за задолжителна вакцина против Ковид-19, смета Филипче

Редакција

Поради корона вирусот германската Амбасада времено ги затвора конзуларното и визното одделение

Редакција

44 лица од заболените со коронавирусот во Македонија биле хоспитализирани во текот на болеста

Редакција