еМагазин
Image default
Македонија

Има нов кластер: 5 новозаболени од Ковид-19 во Куманово, едно лице во Липково

Центарот за јавно здравје Куманово, во последниве 24 часа евидентира шестмина новозаболени од Ковид-19. Од нив, петмина се во општина Куманово, а едно лице е во општина Липково.

Починатото лице е од општина Липково, а било хоспитализирано на Клиниката за инфективни и фербилни состојби.

-Има нов кластер во Куманово. Апелираме до заболените да ги кажуваат контактите, за да можеме да извршиме увид во состојбата на терен. Воедно, апелираме до сите граѓани кои имаат какви било симптоми да се јават на матичниот лекар или кај нас и да се изврши тестирање, повика директорот на здравствената установа, д-р Ариф Љатифи.

Денеска се извршени 45 тестирања во двете општини, по „Мој термин“, епидемиолошки индикации и контролни тестови.

МИА/Фото: Општина Куманово

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откриени првите мутации на корона вирусот во Македонија

Пет новопочинати од корона вирусот, вкупно 193

Триесетгодишен маж е новиот случај на заразен од Ковид-19 во Струмица

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сотирова Бухова ќе биде сменета од директорската позиција во ДСЗИ

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

Во штипското Инфективно одделение ќе се постави современ противпожарен систем

Редакција