еМагазин
Image default
Свет

Името Мастеркард заминува, останува знакот

Компанијата Мастеркард соопшти дека после повеќе од половина век ќе го отстрани своето име од логото, но ќе остане црвениот и жолтиот круг.

Со тоа Мастеркарт се придружува на неколкуте брендови како Најк и Епл кои во поголемиот дел од маркетиншкиот материјал се потпираат на слика, а не на име.

Мастеркард, се наведува во соопштението во компанијата, во последните години настојува да се позиционира како „технолошка компанија во индустријата на глобално плаќање“.

Се верува дека 80 отсто од луѓето го препознаваат логото на Мастеркард иако не го содржи името на компанијата. Еден од директорите на маркетиншката компанија Метафорс Ален Адамсон нагласи дека „сликата кажува повеќе од зборовите“.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Унгарија и Полска забранија увоз на жито и земјоделски производи од Украина

Редакција

Џо Бајден и формално кандидат за претседател на САД

Редакција

Нема да има нов договор за жито додека Западот не ги исполни барањата, изјави Путин по средбата со Ердоган

Редакција