еМагазин
Image default
Балкан

Импресивна приказна за Нуџејма Софтиќ: Живот испреплетен со пречки и трагедии

„Куќата на малата ѕвезда“ ( Little Star Rising) е долгометражен документарен филм за Нуџејма Софтиќ од Сараево која на 28 години почнува да трча и во 30 година е првата покриена жена во Европа која истрчала маратон и учествувала на триатлонот Иронмен и покрај тоа што никогаш не се занимавала со спорт и не знаела да плива.

Филмот е сниман две години и ја следи личната промена на Нуџејма, но, и влијанието на пријателите, познаниците, странците и пошироката заедница. Во тие две години таа станува промената која покренува други да направат повеќе за себе. Но, на тој пат се соочува со бројни неистомисленици.

Иако нејзиниот пат е испреплетен со пречки и трагедии, никогаш не престанала да го сака животот. Кога имала само четири години, во 1992 година убиен е нејзиниот татко, имамот Хамид еф.Софтиќ. Шеснаесет години подоцна нејзиното семејство останува без очувот. Толку време Имад Ал Хусин поминува во Имиграциониот центар како закана за националната безбедност, иако обвинение никогаш не е покренато.

Нејзината приказна мотивираше мала филмска екипа од две држави (Хрватска и Босна и Херцеговина) и седум различни градови, да сними документарен филм за убавините на животот и силата на поединецот кој не мора да е ни најјак, ниту најбрз, ниту совршен, но, може да ја насочи енергијата кон себе, да се менува на подобро и да ги мотивира другите да го прават истото, без да ја чекаат заедницата, политиката, власта, државата.

Филмот е пред крај со реализација и покрената е crowdfunding кампања како би се собрале средства потребни за постпродукција.

Линк до кампањата, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грчкиот претседател: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потрбно е да се исполнат предусловите

Редакција

(ВИДЕО) Пожар на брод што пловеше кон Крит, спасени сите патници

Редакција

Бројот на починати од земјотресот во Турција се искачи на 42 лица

Редакција