еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Инфектологот Шопова: Ако анализиравте правилно, мислевте на народот и на здравствените работници одамна ќе имаше карантин

Инфектологот Жаклина Шопова која работи на Клиниката за инфектологија, смета дека мерките во бoрба против Ковид-19 се задоцнети, и многу порано требало да бидат донесени.

Докторката на Фејсбук се произнесе и поради ненавремената грижа за Златко Божинов, кој почина како резултат на неодговорноста на институциите.

„Кога обичниот човек ќе го спаси лекар кој нема звучно име и презиме, но направил се што е во неговата моќ, дури и повеќе од што можел во такви услови, тогаш од свој колега доктор, но кој е на позиција градоначалник ќе биде осудуван дека погрешно постапил.

Што е уште почудно сите институции кои требало да помогнат, поготово затоа што се уште сме во кризна состојба, изнаоѓаат некакво оправдување дека тоа не е во нивни ингеренции…па и претседателот на државата вели дека требало да се информира Армијатата за помош, како би ги вклучила своите обучени војници за таква интервенција!!!

Дали воопшто знае некој во државава кој е, што му се задолженијата, кога и како треба да постапува или само профитерството е нај, најважно!?

Го слушам и колегата Караџовски со какви небулози ни соопштува зошто баш сега ќе воведеме поригорозни мерки (ги следеле параметрите последните 2 недели и истите имале тенденција на пораст!!!).

Алооо, цела Европа е во карантин многу поодамна, а ако анализиравте правилно и ако воопшто мислевте и на народот и на здравствените работници и вие ќе го следевте примерот на Европа …, но треба да се профитира, да се одвлекува вниманието.

А сега да прашам јас, како обичен граѓанин: каде е хеликоптерот со кој треба да се интервенира во вакви услови и кој г- динот Зоран Заев го користи како превозно средство!?

Каде се и моторите со кои тој и г-динот Филипче се возат и се фотографираат!?…кога веќе било тешко и трактор да прати почитуваниот градоначалник, за да не се транспортира пациентот во импровизирана носилка, како ранетите на Неретва!

Па нели бесплатно здравство, здравје за сите, живот за сите ветивте почитувани господа!?,“ пишува Шопова на нејзиниот Фејсбук-профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Проф. Трајковски: Мерките се „по свадба тапани“ реакција, луѓето умреа непотребно

Почина 63-годишниот маж од кратовско кој пет часа го носеа на раце за да добие помош

Фото: Фејсбук/Шопова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

“Висат“ предвремените парламентарни избори?

Редакција

Врховен ги потврди казните на осудените за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Редакција

Нова државна помош од 25,7 милиони евра за „Кромберг и Шуберт“

Редакција