Контроверзното интервју на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас е тргнато од Јутјуб каналот.
Од Обвинителство денеска информираа дека надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки.
Во исто време, и МВР информира дека поднело известување до надлежното Јавно обвинителство, во врска со објавеното интервју како подкаст на Јутјуб канал.
– Имено, Известувањето е поднесено по преземени мерки и активности од страна на Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика, заедно со целокупниот документиран материјал за понатамошно постапување, се наведува во соопштението на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинителството и МВР отворија предмет за интервјуто на Латас кај Лазаров
ЗНМ, ССНМ и СЕММ: За јавни наративи што стимулираат омраза и агресија, мора да има одговорност
Фото: Јутјуб/Лазаров