еМагазин
Image default
Бизнис

Иселеник во Америка гради фабрика за производи за лична хигиена во ТИРЗ Струга

Американската компанија „Reci&Sons Enterprise“ денеска почна со изградба на производствениот капацитет во ТИРЗ – Струга.

Инвестицијата се проценува на околу три милиони евра, а се состои од истражувачка лабораторија и капацитети за производство на средства за лична хигиена.

Објектот ќе се простира на површина од 2.500 метри квадратни, a планирано е вработување на околу 250 лица од охридско-струшкиот регион.

Инвестицијата е на иселеник од Македонија во Америка.

Сопственикот на компанијата Арбнор Речи смета дека инвестицијата е можност Македонија да задржи голем дел од младите кои бараат подобар живот.

– Можеме да обезбедиме иднина со која Македонија ќе извезува производи, а не луѓе. Стабилноста и растот ќе овозможат подобар живот за нашите деца, подобра иднина за луѓето. Одлучив да инвестирам не само во Македонија, туку и во граѓаните во земјата на мојот татко и дедо, подвлече Речи.

Производите за лична хигиена што ќе се произведуваат тука, очекува дека покрај во Европа ќе се извезуваат низ целиот свет.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се повеќе граѓани и фирми на листата должници на УЈП: Вкупниот долг над 10 милијарди денари

Редакција

Рекорден пораст: Просечната плата за еден месец „скокна“ за 1.049 денари

Редакција

Денеска ќе се одржи јубилејното, десетто издание на Самитот на Македонија 2025

Редакција