Српската писателка Исидора Бијелица ја загуби битката со ракот, но да не беше ментално силна, со позитивни мисли, оптимизам и верба веројатно тоа ќе се случеше многу порано.
Низ таа битка напиша неколку книги, во кои, низ сопственото искуство и борба, се обидуваше да им помогне на оние кои поминуваат слично. Преку нејзините совети на нејзиниот Инстаграм-профил кој го следат приближно 100.000 следбеници, ја намалуваше болката на неутешните, навредените, болните…
Нејзиниот книжевен опус ќе живее после нејзината физичка смрт, но исто така и духовниот поглед на животот, кој беше посебно изразен додека траеше битката со болеста, низ физичка болка, но душевна смиреност.
„Чувајте се од тие кои лажно го користат зборот љубов, а многу се. Велат љубов, а мислат врзаност, трговија, страст, условување, должност, обврски, уцена… Љубовта е безусловна или не е љубов,“ се вели во една од нејзините објави на Инстаграм.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина српската писателка Исидора Бјелица
фото: Инстаграм/Бијелица