Истражители по налог на Јавното обвинителство се во просториите на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) за да обезбедат финансиски документи, потврдија за МИА од Обвинителството. Оттаму посочуваат дека станува збор за претходна постапка.
Официјалните информации од базата „Отворени финансии“ покажаа дека поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за време на својот мандат, зела вкупно 157.000 евра надвор од редовната плата.
Најголем дел од дополнителните 157.000 евра таа ги добивала како додаток за доверливост – да не открива што чула во „бомбите“, а земала и надоместоци за кирија и за тоа што работела вон градот во кој живее.
МИА
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ПРИЗМА: Јанева зела 157 илјади евра за „додаток за доверливост“ и други надоместоци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.