еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Истражување во Израел: Три дози од Фајзер штитат од омикрон, но 4 пати помалку од делта сојот

Израелските научници објавија дека откриле дека тројната вакцина против коронавирусот со вакцината на Фајзер/БиоНТек обезбедува значителна заштита од нова варијанта на омикрон.

Заклучоците од истражувањето се слични со оние што претходно неделава беа презентирани од БиоНТек и Фајзер, што беа првиот знак дека дополнителните дози на вакцината би можеле да бидат клучни за заштита од новоидентификуваната варијанта на коронавирусот.

Истражувањето, спроведено од медицинскиот центар Шеба и Централната виролошка лабораторија на израелското Министерство за здравство, ја спореди крвта на 20 лица кои примиле две дози од вакцината пред пет-шест месеци со исто толку луѓе кои ја примале третата доза пред точно еден месец.

-Лицата кои ја примија втората доза пред пет или шест месеци немаат способност да го неутрализираат омикронот. Иако имаат некои против делта, изјави Гили Регев-Јочај, директор на Одделот за заразни болести во Шеба.

„Добрата вест е што со третата доза за 100 отсто се зголемува способноста за неутрализирање. Има значителна заштита со третата доза. Таа е пониска од способноста да се неутрализира делта варијантата, или за околу четири пати помала“, додаде таа.

Израелскиот тим соопшти дека работеле со жив вирус додека фармацевтските компании го користеле тоа што е познато како псевдовирус, кој има карактеристични омикронски мутации.

Израелското истражување следи по истражувањето од Јужна Африка кое покажа дека сојот омикрон може делумно да ја заобиколи заштитата што ја обезбедуваат две дози од вакцината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Д-р Даниловски со радикален предлог: Директно изложување на омикрон на вакцинираните или прележаните под 50 години за побрзо справување со новата мутација

(ВИДЕО) Проф. Трајковски најавува зголем број на случаи во февруари, кога сојот омикрон може да стане доминантен во Македонија

Преносливост, тежина на болеста, ефикасност на вакцините: Што досега знаеме за новиот сој на Ковид-19, Омикрон

МИА/Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зеленски смета дека следните 24 часа се клучни: До сега има 352 загинати цивили, вклучително и 14 деца

Редакција

Поднесено обвинение за Рашковски, поранешниот генерален секретар на Владата останува во куќен притвор

Редакција

За еден ден низ Македонија откриени дури 60 неисправни возила за јавен превоз

Редакција