еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Истражување во Србија: Колку заболеле од Ковид-19 после вакцина, колку добиле пневмонија и колку завршиле во болница

Ризикот, вакцинираните после три недели од примена на прва доза вакцина против Ковид-19 да завршат во болница е помал за 50 проценти, за разлика од оние кои не се вакцинирани.

Можноста да добијат пневмонија е до 15 пати помала кај вакцинираните во однос на оние кои ќе се разболат, а не добиле ниту една вакцина. Во болница не е примен ниту еден пациент кој ја примил вакцината на „Фајзер“ или „АстраЗенека“.

Ова се првите прелиминарни резултати од истражувањето кое се уште се спроведува во Србија, а го објавува српски „Блиц“.

Во студијата се анализира дали и колку од вакцинираните граѓани се разболуваат во однос на невакцинираните.

Во истражувањето се опфатени разболувањето и клиничката слика на вакцинираните и невакцинираните, зачестеноста на пневмонија и колку од заболените завршиле во болница. Со други зборови, Србите испитуваат како вакцинацијата, но и секоја вакцина посебно си го одработила своето.

Истражувањето било спроведено во Здравствениот дом во Крагуевац, во период од 1 јануари до 31 март, и во него биле вклучени 28.360 вакцинирани и преку 100.000 невакцинирани.

Колку заболеле?

Според првите резултати, од невакцинираните заболеле 8,11 отсто, а од вакцинираните 2,03 отсто. Бројката се намалува со ревакцинацијата на 1,17 отсто, а три недели по ревакцинација на 0,57 отсто. Ефикасноста три недели по ревакцинацијата е 92 отсто.

Колку добиле пневмонија?

Од 8.272 заболени кои не се вакцинирале (8,11 отсто) пневмонија добиле 1,57 отсто, а во болница завршиле 1,23 отсто. Воспаление на белите дробови помеѓу вакцинираните имале 0,56 отсто, ревакцинираните 0,25 отсто и три недели по ревакцинација 0,11 отсто.

Имено, три пати е помала веројатноста да се добие пневмонија само со една доза, шест пати со ревакцина, а три недели по ревакцина за 15 пати помала отколку кај невакцинираните.

Колку завршиле во болница?

Од бројот на заболени а кои не се вакцинирани, 1,23 отсто завршиле во болница. Од оние кои биле вакцинирани, во болница завршиле 0,16 отсто, ревакцинираните 0,06, а три недели по ревакцината бројката е намалена на 0,02 отсто. Или попрецзино од 28.630 вакцинирани, во болница завршиле шест граѓани кои се разболеле три недели по ревакцина.

Според раководителот на истражувањето, професор на Медицинскиот факултет и специјалист по микробиологија Дејан Баскиќ, по првите резултати нема сомнеж дали треба граѓаните треба да се вакцинираат или не.

„Вакцината го намалува бројот на заболени, тешка клиничка слика и број на хоспитализирани. Дали некој се разболел? Да. Но, треба да се земе предвид каква е неговата клиничка слика.

Не ги анализираме само бројот на оние кои се разболеле, туку и колку пациенти завршиле во болница, а тој податок сведочи за лесната клиничка слика на вакцинираните. Што значи, не треба да се избегнува, туку треба да се вакцинира,“ вели Баскиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Истражување во Србија: Ниту еден пациент кој примил „Фајзер“ или „АстраЗенека“ не завршил во болница по заболување со Ковид-19

Блиц.рс/Фото: Photo by Steven Cornfield on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Порше лизинг“ го доби тендерот за набавка на возило на СОЗР на Владата

Редакција

Зошто грчката компанија „Архиродон“ се откажа од градењето на „Чебрен„

Редакција

Мечка и мали мечиња ги превртуваат контејнерите барајќи храна во Галичник

Редакција