Италијанскиот премиер Џузепе Конте поднесе оставка до претседателот Серџо Матарела со надеж дека ќе добие нов, трет мандат за формирање влада, изјавил неименуван владин извор.
Според пишувањата на италијанските медиуми, со поднесување оставка, Конте сака да го избегне ризичното гласање во Парламентот во текот на оваа недела поради спорниот извештај за судството и да добие повеќе време да убеди неколкумина пратеници да и дадат поддршка на Владата, бидејќи минатата недела го загуби мнозинството во Сенатот.
Фото: Конте/Фејсбук
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.