еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Избори по секоја цена или враќање на рестрикциите поради корона вирусот?

Ќе има ли враќање на рестрикциите и повторно воведување полициски час е прашање кое заслужува внимание откако од ден на ден се зголемува бројот на заболени од корона вирусот.

Вицепремиерот Бујар Османи денеска преку Фејсбук предупреди дека шансите за заразување со корона вирусот стануваат поголеми и дека бројките за бројот на заразени денеска се уште повознемирувачки.

Голем број функционери се заразени или во самоизолација, бидејќи биле во контакт со заразени од корона вирусот.

Изминатиов период се покажа дека повеќето граѓани „оставени сами на себе“ не се кој знае колку дисциплинирани во однос на почитување на мерките за заштита од корона вирусот.

Во напорите за спречување на ширењето на вирусот не помогнаа и прославата на верските празници и организираните собири во цркви и џамиите, но и семејните домашни посети односно популарното одење на гости, ниту пак отварањето на кафаните каде се славеше небаре сме извојувале победа.

Во меѓувреме, Црна Гора откако ги отвори реши да ги затвори границите за македонските граѓани, а доколку продолжи да расте бројот на заболени во државата со исто темпо извесно е дека затворени ќе бидат и останатите граници.

Денеска, ЈСП реши да го укине бесплатниот превоз за пензионерите во Скопје по наглиот пораст на бројот на зaболени, што е прв сигнал дека надлежните се уплашени од повторно разгорување на болеста.

Сега од Комисијата за заразни болести треба да одговорат зошто советуваа олабавување на мерките и што стана со најавите за стивнување на епидемијата од корона вирусот.

При тоа, однапред треба да знаат дека префрлање на одговорноста само кај граѓаните не држи вода бидејќи народот не е тој што ги релаксираше мерките, туку Владата по совет на Комисијата.

Не треба да се заборави дека кај нас се уште се навива за одржување избори како да тоа ќе помогне во спречувањето на ширењето на корона вирусот.

Тие што навиваат треба да внимаваат бидејќи досегашното успешно менаџирање на кризата со корона вирусот се разводнува.

Лесно може да се случи долгонајавуваниот пик да се случи токму на почетокот на јули, кога се очекува и да се одржат изборите, што секако ќе се врати како бумеранг во однос на (не)задоволството на граѓаните од гарнитурата која се справува со корона вирусот и ќе влијае врз изборните резултати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Градоначалникот на Чаир во самоизолација по контакт со лице позитивно на корона вирусот

Османи предупреди на голема можност за зараза со корона вирусот: „Бројката денеска уште повознемирувачка“

42 лица од новозаразените со корона вирусот имале контакт со потврден случај

Мухамед Зекири, неговата сопруга и тримесечна ќерка позитивни на корона вирусот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трајан Ангелоски нов претседател на Сојузот на стопански комори на Македонија, доаѓа на местото на Данела Арсовска

Редакција

Кои се најчестите симптоми кај заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Пошта е злоупотребена во измамничка кампања на Фејсбук

Редакција