еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Макпетрол избра нов Управен одбор

Надзорниот одбор на Макпетрол АД – Скопје, на седницата одржана на 19.6.2023 година, донесе Одлука за престанување на мандатот на членовите на Управниот одбор на Друштвото, бр. 0203-29/2 од 19.6.2023 година, поради истек на времето за кое се избрани, пo што, за членови на Управниот одбор, со мандат од шест години, со Одлука бр. 0203-29/3 од 19.6.2023 година се именувани:  Андреја Јосифовски, Марија Јосифовска Спасовска, Сашко Павловски, Михајло Борозанов и Сашо Бошковски, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Членот на Управниот одбор на Друштвото, Андреја Јосифовски, поседува 2.000 акции со право на глас, што е 1,780% од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.

Членот на Управниот одбор на Друштвото, Марија Јосифовска Спасовска, поседува 120 акции со право на глас, што е 0,107% од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.

Членот на Управниот одбор на Друштвото, Сашко Павловски, поседува 10 акции со право на глас, што е 0,009% од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.

Членот на Управниот одбор на Друштвото Михајло Борозанов, поседува 1 акција со право на глас, што е 0,001% од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.

Членот на Управниот одбор на Друштвото Сашо Бошковски, поседува 30 акции со право на глас, што е 0,027% од вкупниот број на издадени акции од Друштвото.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Природниот гас и метанот во јуни достапни по пониски цени, велат од „Макпетрол“

Акционерите и вработените ќе добијат дел од 21-милионската добивка на Макпетрол

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фонд за иновации: Не вршиме дискриминација на фирмите, се оценуваат според квалитет

Редакција

„Кристал 1923“ оствари добивка од 17,1 милиони денари за девет месеци

Редакција

„Само Крсто може да ја отвори вратата од ЕУ“: Твитер „експлодира“ чекајќи датум за преговори

Редакција