Во 3 часот ноќеска во пожар изгоре пилана со погон за производство на столови во Ново Село, информираа од Територијалната противпожарна единица на Струмица.
Во гаснењето на пожарот учествувале четири противпожарни возила и десет пожарникари.
Причинета е голема материјална штета, а пожарот бил изгаснат околу 6 часот.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.