еМагазин
Image default
Локално

Измама: Повеќепати им зел пари на мајка и ќерка со лажно ветување за работа во Германија

Мајка и ќерка од тетовска Палатица во полиција пријавиле дека 34 годишник од соседното Требош ги измамил и им зел пари со лажно ветување дека ќе им помогне да добијат работа во Германија. Тој во неколку наврати им земал пари, па поради тоа тие се одлучиле да го пријават за измама.

„Ќ.Н.(35) и неговата мајка Ш.Н.(62) од тетовското село Палатица пријавиле дека А.К.(34) од тетовското село Требош во неколку наврати ги измамил и ги оштетил за 79.000 денари. Според пријавеното, тој им ветувал дека ќе им помогне да добијат работна виза за Германија и старосни и социјални пензии. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Возач на автобус на ЈСП нападнал жена бидејќи му кажала да застане

Редакција

Двајца прилепчани набавиле 9.900 капсули „Трамадол“ од аптека во Велес

Редакција

Како се случила сообраќајката кај Росоман во која загинаа две лица: Детали од МВР

Редакција