еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Како се случила сообраќајката кај Росоман во која загинаа две лица: Детали од МВР

Од Министерството за внатрешни работи соопштија детали како дошло до сообраќајката кај Росоман во која загинаа две лица, а судрија четири возила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фотографии од сообраќајката кај Росоман, во која загинаа две лица

Според полицијата, најпрвин се судриле две возила, комбе излетало од коловоз да ги избегне, а четврто возило удрило во комбето.

– Денеска  околу 06.30 часот во Полициската станица Кавадарци било пријавено дека на регионалниот пат Прилеп – Росоман, кај место викано „Камен дол“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу возило „фиат добло“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ. (55) од Прилеп и патничко возило „фолксваген голф“ со штипски регистарски ознаки, управувано од Љ.С. (61) од Свети Николе, велат од МВР.

Подоцна на истото место, патничко возило „даеву матиз“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С. (55) од Свети Николе, удрило во комбе „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.И. (52) од Скопје, кое претходно излегло од коловозот за да ги избегне двете возилата кои учествувале во несреќата.

– Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот К.Ѓ. и сопатничката во возилото „голф“, С.С. (55) од Свети Николе, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Кавадарци.

Додека, со тешки телесни повреди се здобиле возачите Љ.С. и С.С., како и сопатничка во возилото „матиз“, О.С. (54) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, информираа од МВР.

Увид на местото на несреќата извршиле јавен обвинител и екипа од Полициската станица Кавадарци.

Патот се уште не е пуштен за движење, па возилата наместо преку Росоман, минуваат преку Кавадарци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Две лица загинаа, а тројца се тешко повредени во сообраќајка кај Росоман 

Фото: КТВ телевизија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Македонката Елена Реи блесна во креациите на еден од најстарите и најдобри германски дизајнери Marc Cain

Редакција

Ново поскапување на дизелот за 3 денари

Редакција

НАТО пресретнал најмалку три терористички напади кон Македонија, откри Пендаровски во годишното обраќање пред пратениците

Редакција