еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Израелскиот амбасадор Орјан: За вклучување на лицата со попреченост во опшеството подготвен сум да направам „стој на раце“ секаде

Откако македонскиот претседател Стево Пендаровски објави фотографија со него како прави „стој на раце“ во неговиот кабинет, на Фејсбук ситуацијата ја дообјасни израелскиот амбасадор Дан Орјан.

Орјан информираше дека имал добра средба со Пендаровски и дека меѓудругото зборувале за инцијативата „Скокајќи заедно“, која има за цел да даде подршка на поголема вклученост на лицата со попреченост во општеството.

„Претседателот ме праша дали навистина можам да го направам тоа… и праша дали можам да му покажам овде во канцеларијата. Реков зошто да не… за добра кауза е…

Знам дека не е традиционална дипломатија. Но, ако морам да стојам на раце за да ја промовирам идејата за вклучување и партнерството со луѓето со попреченост, подготвен сум да го направам тоа повторно. На многу места, подготвен сум да скокнам заедно и да застанам на раце. Се надевам никој не е навреден … “, напиша тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Израелскиот амбасадор направи “стој на раце” во кабинетот на Пендаровски

Фото: Фејсбук/Орјан

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ти ја остави да умира во крв: Другарка на Фросина со обраќање до возачот, но и до судиите за намалената казна

Редакција

Велешанката која во самоодбрана го уби својот партнер ослободена од обвинение

Редакција

Ученик од гимназијата во Велес со јавно обраќање до директорот: Не можам да ја разберам Вашата недоверба во своите ученици

Редакција