Босанската веб-страница astronaut.ba објави извадок од книгата на „Дневникот на една планинарка“ на Калина Велевска. Во извадокот е пренесен текст кој Калина го пишува за битолскиот крај и Дихово и во него ги воспева македонските убавини.
Книгата беше промовирана на 11 февруари 2019 година и станува збор за избор од текстовите што беа објавувани на порталот „Мис“, како своевиден дневник, а во кои Калина ги пренесуваше своите впечатоци од планинарските тури во Македонија, но и во соседните земји.
И после две години, се уште нема одговор што се случи на 11 февруари 2018 година кога Калина Велевска и Александар Миновски трагично ги загубија своите живот на Кајмакчалан во Грција. Истрагата во Јавно обвинителствоне не е поместена од мртва точка.
Планинарите во чест на Калина и Александар садат дрвца кон Клепа, а утре се одржува третото традиционално искачување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Многу емоции, солзи и возвишување на планината на промоцијата на книгата на Калина Велевска