еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре пороен дожд со грмежи, од петок заладување и врнежи од снег

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за утре најавува дожд, особено попладне и во ноќните часови кога врнежите локално ќе бидат поројни, над 30 литри на метар квадратен и на места проследени со грмежи.

На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Ќе продолжи да дува дува засилен до повремено силен јужен ветер од над 70 километри на час, но ќе се задржи релативно топло.

Од петок ќе има значително заладување и врнежите од дожд на повеќе места постепено ќе преминуваат во снег. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала, особено во сабота и во некои пониски места.

Според УХМР, до средината на следната недела ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.

Во Скопската котлина утре ќе има повремени врнежи од дожд и ќе дува повремено силен јужен ветер.

Во петок кон крајот на денот и во сабота се очекуваат врнежи од снег и формирање помала снежна покривка.

Од недела до средината на следната седмица ќе има повремени врнежи од дожд и снег со променлив интензитет.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како ќе изгледа новиот комплекс „Ист гејт“ што ќе се гради на поранешен Скопски саем

Редакција

Mини ремонтот на Блок 2 во РЕК Битола

Редакција

Косоварите низ Македонија транзитираат без ПЦР тест за Ковид-19

Редакција