еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

(Галерија) Како ќе изгледа новиот комплекс „Ист гејт“ што ќе се гради на поранешен Скопски саем

„Ист гејт“ ќе биде нов модерен простор во македонската престолнина на само три километри од централниот плоштад.

Инвестицијата изнесува 350 милиони евра и ќе се реализира на вкупна површина од 500.000 метри квадратни со три засебни целини: трговски центар со вкупна површина за изнајмување од 53.000 м2 со 250 продавници, резиденцијален комплекс од 10 згради со 1.600 станови и пет бизнис центри со 66.000 нето површина за издавање со што ќе претставува најголема проектна инвестиција во Македонија досега.

Мултифункционалниот комплекс кој на едно место комбинира шопинг, забава, социјализација, домување, работа и бизнис, е прв од ваков тип во регионот.

Проектот ќе донесе повеќе од 2.000 нови работни места и се очекува да даде огромен придонес за економскиот развој на Скопје.

Становите ќе се градат во две фази, и во првата фаза ќе се изградат 670 стана во четири згради чија што висина ќе биде пониска од хотелот „Континентал“. Тие ќе бидат со зелен кров, а вкупната зелена површина во резиденцијалниот дел ќе биде 26.000 метри квадратни.

Првата фаза од изградбата на становите ќе се гради заедно со изградбата на шопинг центарот, а 50 проценти од становите ќе бидат мали, 35 процнети средно големи, и 15 проценти големи станови.

Вкупната зелена површина на целиот простор ќе биде 37.000 метри квадратни. Инвеститорот „Балфин“ има направено и сообраќајна студија која ќе ја предложи до Градот и Општина Гази Баба за намалување на сообраќајниот метеж во тој дел од Скопје.

Финансиската конструкција за овој проект е затворена и е договорен пакет помеѓу локалните банки, кои ќе ја покријат инвестицијата со кредити (60 проценти) и 40 проценти е инвестиција на иинвестициските акционери.

Следните две години се очекува вбризгување на 90 милиони евра во градежништвото.

Идејното решение на проектот е на познатиот и наградуван архитект од Турција, Керем Јазган а се работи и со домашни архитекти. Основниот проект го работи Градежниот институт Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Галерија) Новиот шопинг-мол во „Ист гејт“ ќе биде отворен во 2020 година: Ќе биде поголем од Сити мол и со многу нови брендови

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема договор за минималецот, ако нема промена до среда ќе има штрајк

Редакција

Кои се новите членови на Одборот на директори на „Фершпед“?

Редакција

Кој е Илија Гечев, единствениот милјардер од Македонија на листата на најбогатите во регионов

Редакција