еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каде и како да купите заштитен визер за превенција од коронавирусот

Освен заштитните маски, дел од секојдневието во Македонија, полека но сигурно, стануваат и заштитните визери и тоа ќе биде така додека не се најде вакцина против невидливиот непријател-коронавирусот, која според моменталните проценки може да биде реалност дури во текот на следната година.

Визерите се една од основните алатки за работа на здравствените работници, но и на стоматолозите, фризерите, козметичарите…, а ги бараат и обичните граѓани, кои сакаат да направат се за да се заштитат од коронавирусот.

еМагазин направи мало истражување за тоа кој продава и произведува визери во Македонија, кое пред се покажа дека нашиот пазар реагирал брзо и тие се достапни за секој заинтересиран, а интересно е и дека нивната цена е пристојна и се движи од 200 до 300 денари по парче.

Од светлечки реклами до визери

Основна дејност на охридската фирма „Печат плус“ се ексклузивни светлечки реклами, а во истата се произведуваат и уникатни дрвени лустери и табакери.

Од неодамна таму за прв пат се произведуваат и визери, Protect +, кои како што велат од фирмата за еМагазин се лесни, удобни, одржливи и практични.

Од фирмата велат дека преку карго вршат достава на истите низ целата земја, а доставата е бесплатна за нарачки над 10 парчиња.

Повеќе информации, контакт и цена на нивната Фејсбук страна ОВДЕ.

Една од основните дејност и на скопската фирма Мулти медија е исто така светлечки реклами, како и брендирање на бензински, но и изработка на мебел.

И оваа фирма, земајќи ги во предвид новонастанатите услови на пазарот периодов се фокусирала на производство на визери, но и на заштитни паравани од плексиглас.

Од фирмата за еМагазин велат дека и претходно произведувале слични производи, но тоа било инцидентно, а периодов поради побарувачката повеќе се фокусирани на истите.

Повеќе информации, контакт и цена на нивната Фејсбук страна, ОВДЕ.

Визери се продаваат и на Фејсбук и во аптеки

Визери се продаваат и на Фејсбук, а таков е случајот со страната Визири и маски.

еМагазин го контактираше администраторот на оваа Фејсбук страна, кој вели дека и тие вршат достава на визири низ целатата држава, и дека истите се увезени од Европската Унија.

Истражувањето на еМагазин покажа дека визери можат да се купат и по аптеките.

Таков е случајот со аптеката Gold-mun.

Повеќе детали за цената и контакт со овој ланец на аптеки во Скопје, на нивната Фејсбук страна, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Ленче Здравкин и Денис Јанкуловски добитници на државната награда „Мето Јовановски“ за човекови права

Редакција

ЈП Колекторски систем склучи договор со Енерџи деливери солушнс вреден 863,4 илјади евра

Редакција

Да помогнеме на хуманото семејство Белчовски, кои ги донираа органите на трагично загинатата ќерка Верица

Редакција