Потпретседателот на владејачката ДУИ и министер за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека незнаел дека градежната фирма Еуровиа, која доби милионски тендер на Министерството за надворешни работи (МНР) била донатор на неговата партија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
МНР склучи договор со „Еуровиа“ од Желино вреден 1,8 милион евра
-Знам дека не ви се верува, но јас од медиумите дознав дека компанијата е донатор, изјави тој вчера.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Османи од медиумите дознал дека компанијата која доби милионски тендер на МНР е донатор на ДУИ
По ваквата изјава на министерот логично е да се постави прашањето како е можно да бидеш на толку висока позиција во партијата, а да не знаеш дека таа фирма не е само што е донатор на твојата партија, туку лани и била најголем донатор, донирајќи 1,85 милиони денари, а нејзинот сопственик пак како физичко лице донирал уште 2,5 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Колку пари донирала фирмата која доби милионски тендер на МНР на ДУИ лани
Овие суми се јавно достапна информација, па еве ако никој во партијата не го информирал потпретседателот Османи, можел и самиот да провери кој се дава пари за неговата партија, работа која еден потпретседател сигурно треба да ја знае.
Не за друго. Ќе можел да види и дека неговата партија лани имала вишок на донации, над законскиот лимит. И секако ако добро се информирал за темата ќе знаел и колку пари може да донира физичко лице, како и колку може да донира правно лице и дека фирма што донира за партија, неможе да учествува на државни тендери.
Фото: МНР