Од денеска до 23 стептември во Скопје ќе се одржи 12. издание на Фестивалот на пивото Пиволенд, на кој освен разновидната музика, ќе имате можност да пробате и најразлични пива.
Фестивалот ќе се одржи на паркингот пред спортскиот центар „Борис Трајковски“.
Организаторите го објаснуваат начинот на купување на штандовите на фестивалот.
-На продажните места добивате картичка на која уплаќате одредена сума на пари (пр. 500 денари) кои се внесуваат на вашата картичка со која потоа купувате од продажните места.
Картичката важи за сите три дена од Фестивалот, велат тие и појаснуваат дека xPress картичката е официјално платежно средство на Пиволенд 2023.
xPressPay е бесконтактен платежен систем кој го олеснува и забрзува процесот на плаќање, дизајниран на начин кој овозможува брзи и практични трансакции за пијалоци и храна.
Повеќе информации за xPress картичката може да најдете на ticketx.mk.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Утре во Скопје почнува Пиволенд, кој се ќе настапи
Фото: Промо