Интонацијата на македонската химна од страна на пејачката Тамара Тодевска, која ја „заборави„ строфата со Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев и Јане Сандански, стана топ тема во регионов, а најголем интерес скандалот предизвика во медиумите во Србија и Бугарија.
„Блам: Погрешно отпена химната на Северна Македонија“, „Скандал во Скопје: Во амбасадата на САД интонира погрешна македонска химна“, „Настан без преседан: Во амбасадата на САД во Скопје интонирана поинаква химна“, „Македонците во шок: На прием во амбасадата на САД отпена изменета химна„, „Вечерњи новости: Македонија клекна пред Бугарија“, „Ненамерна грешка или сценарио во Скопје?„… се само мал дел од насловите во регионалните медиуми.
Медиумите ја пренесоа и изјавата на премиерот Зоран Заев, кој застана во одбрана на пејачката, како и соопштението на Владата.
Како и во Македонија, скандалот стана предмет на исмејување и на социјалните мрежи, посебно во Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(ВИДЕО) Како Тамара лани без „грешка“ ја интонираше македонската химна
Влада: Промена на химната нема, направена е ненамерна грешка
Заев во одбрана на Тамара: Ненамерна грешка и пропуст, химната се пее секој ден, насекаде